четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Венгер: Поразот од Ливерпул беше еден од најлошите мои денови

Венгер: Поразот од Ливерпул беше еден од најлошите мои денови

Арсен Венгер, тренерот на Арсенал, призна дека последниот пораз од Ливерпул, бил еден од најлошите денови во неговата кариера.

Последниот меѓусебен дуел кој се одигра во рамки од третото коло, кон крајот на август на „Енфилд“ го доби Ливерпул убедливо со 4-0.

– Кога имаш така долга кариера како мојата, тогаш некои порази болат многу, долго до крајот на животот. Но, верувам дека убавината на фудбалот е во тоа што секогаш имаш време и шанса да го надополниш загубеното, изјави Венгер.

Французинот верува дека токму тој пораз за неговиот тим ќе е мотив повеќе да му се реваншираат на Ливерпул во вечерашното дерби.

– Не се грижам за мотивацијата. Неа ја имаме. Овој тим има добар ментален склоп. Овој состав има добар менталитет, за да сме на врвот мораме да го сочуваме таквиот став, дополни Венгер.

Арсенал кој е на петтото место на табелата со 33 бодови, има само еден помалку од Ливерпул кој е четврто рангиран.

Ливерпул е во низа од 12 средби без пораз во сите натпреварувања, но и Арсенал нема пораз на последните пет натпревари.

Дербито од 19.коло на Премиер лигата ќе се игра вечерва на стадионот „Емирати“ во Лондон, а ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути.