понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Венгер се чувствува дискриминиран поради неговата возраст

Венгер се чувствува дискриминиран поради неговата возраст

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека постојаните барања за неговата оставка се дискриминација поради неговата напредна возраст. 68-годишниот Французин верува дека кон постарите менаџери постојат предрасуди и затоа се повиците да го напушти Арсенал.

– Колку стануваш постар, овие барања стануваат дискриминаторски. Можам да прифатам повици за оставка кога резултатите не се добри, но овие постојани барања за заминување со објаснувања, колку години сум во клубот, колку сум стар, тоа ми е малку тешко да го проголтам, изјави Венгер.

Французинот е на чело на Арсенал од 1996 година и има три шампионски титули и седум куп трофеи во Англија.