Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер, запрашан да даде свој коментар за новиот тренер и негов сонародник Томас Тухел, се пошегува на своја сметка.
– Неговото доаѓање во Челзи ми помогна така што сега има кој да вика по мене на германски. Тухел е навистина добар тренер и има идеја за фудбалот што сакаме да го играме. Како ќе тренираме се повеќе и повеќе со него, ќе станеме подобри, вели Вернер за „BBC Sport“.
Челзи синоќа во дуел од 24. коло на англискиот шампионат го совлада Њукасл со 2:0 и по подолго време се врати во ТОП 4 на табелата во Премиер лигата.
– Многу важна победа. Генерално, нашата игра беше многу добра во изминатите неколку недели, победивме на сите натпревари и немаме примено ниту еден гол. Се вративме на вистинскиот пат, ова е важно, потенцира Вернер.
Следен ривал на Челзи во Премиер лигата е Саутемптон, на 20 февруари.