Фудбалерот на Данска Кристијан Ериксен колабира на теренот за време на првото полувреме од натпреварот меѓу Данска и Финска што се играше го Копенхген во рамки на Европското фудбалско првенство.
Ериксен беше сам во близина на страничната линија, кога во 42-та минута одеднаш падна. Неговите соиграчи формираа круг за околу нивниот соиграч. Публиката и неговите соиграчи беа во шок и солзи додека медицинскиот тим му укажуваше прва помош, а од она што можеше да се види од ТВ преносот, му беше давано вештачко дишење и беа користени и електрошокови.
Натпреварот е прекинат, а фудбалерот беше изнесен од теренот во придружба на неговите соиграчи.
Ериксен е играч на италијанскиот клуб Интер.