Премиерлигашот Вест Бромвич може да ја смени сопственоста. Шест потенцијални инвеститори се заинтересирани за купување на клубот. Претставниците на клубот веќе разговарале со тројца потенцијални купувачи, од кои двајца од Соединетите Американски Држави, објави „Дејли мејл“.
Кинескиот бизнисмен Гуочуан Лај, кој е сопственик на Вест Бромвич, сака да добие 150 милиони фунти за продажба на клубот, но поради последиците од пандемијата на коронавирусот, тој може да го продаде тимот и за 100 милиони фунти.
Лај го купи Вест Бромвич во 2016 година за околу 200 милиони фунти.
Вест Бром е 17. во Премиер лигата со 6 бода по 10 одиграни натпревари.