Лукас Пакета доби понуда кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Тој се договори со Вест Хем, чија управа пак направи „дил“ со неговиот сегашен клуб Лион за трансфер вреден 60 милиони евра. Пакета по матичниот Фламенго продолжи да игра за Милан во Серија А, а потоа и за „лавовите“ од Франција, за кои минатата сезона во Лига 1 на 35 средби постигна девет голови со пет асистенции.
Ова ќе биде дури 32. трансфер во Премиер лигата летово за најмалку 30 милиони евра, што е четири пати повеќе во однос на истиот период лани.