Англискиот фудбалски прволигаш Вест Хем го ангажираше мароканскиот репрезентативен дефанзивец Најеф Агуерд, потпишувајќи петгодишен договор со досегашниот играч на француски Рен.
Според британските медиуми, Вест Хем за 26-годишниот Агуерд платил обесштетување од 30 милиони фунти, а можни се и дополнителни бонуси.
Агуерд во сезоната која измина одигра 40 натпревари за Рен и беше меѓу најзаслужните за освоеното четврто место во француското првенство и пласманот во осминафиналето во Конференциската лига.
Во дресот на репрезентацијата на Мароко има 25 натпревари од дебито во 2016 година.