среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вест Хем и Јунајтед се договориле, Мегваер се сели во Лондон

Вест Хем и Јунајтед се договориле, Мегваер се сели во Лондон

Вест Хем и Манчестер Јунајтед постигнале договор за трансфер на Хари Мегваер во лондонскиот клуб. Договорот засега е усмен, а Вест Хем ќе му плати на Јунајтед 30 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми.

Сега Вест Хем ќе ги договара личните услови со фудбалерот пред да биде комплетиран трансферот.

Мегваер во јули 2019 година премина во Манчестер Јунајтед за 80 милиони фунти што е најскапиот дефанзивец на „ѓаволите“ во историјата. Но последните сезони е цел на критики поради честите киксови, а по доаѓањето на Ерик тен Хаг, дефанзивецот е ставен на клупата.