сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вестите за трагедии во светскиот спорт продолжуваат со Србија: Почина 49 годишниот познат тренер!

Вестите за трагедии во светскиот спорт продолжуваат со Србија: Почина 49 годишниот познат тренер!

Вестите за трагедии во светскиот спорт продолжуваат со Србија, од каде што доаѓа информацијата за смртта на 49-годишниот Золтан Сабо, шефот на стручниот штаб на најамбициозниот српски прволигаш ТСЦ од Бачка Топола.

По помали здравствени проблеми, ноќеска престанало да чука неговото срце. Сабо е роден во 1972 година во Сомбор, а играчката кариера ја мина во Хајдук Кула, Војводина и во Партизан, за кој настапуваше во периодот помеѓу 1996 и 2000 година и двапати беше шампион на СР Југославија. Има играно и за Сувон, Фукуока и АЕК. На клупата на ТСЦ е од 2017 година, а минатата сезона го постигна најголемиот успех со пласман на меѓународна сцена.

Ќе остане запамтено дека Сабо со ТСЦ направи нешто што се нема случено на 24.000 претходни средби под капата на УЕФА, а тоа е да биде дел од меч во кој двете екипи постигнале по најмалку пет гола. Тоа се случи во пресметката со Стеауа, кој заврши 6-6, по што Романците се пласираа понатаму по изведување пенали.