четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ветераните Бонучи и Кјелини ќе ја предводат Италија и на СП?

Ветераните Бонучи и Кјелини ќе ја предводат Италија и на СП?

Италија го освои Еуро 2020 со победа на пенали против Англија, а сега италијанските медиуми пишуваат дека ветераните во одбраната на „аѕурите“, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини ќе играат и на Светското првенство (СП) во Катар.

Селекторот Роберто Манчини во својот состав ги има 34-годишниот Бонучи и 36-годишнио Кјелини, кои се најстари во екипата, но беа и едни од најдобрите на Еуро 2020, па тој не сака да се откаже од нивните услуги.

Бонучи за италијанските медиуми откри дека ќе разговара со Кјелини и ќе се обиде да го убеди да заиграат и на СП кое ќе се одржи во Катар.

„Одиме заедно на одмор и ќе го убедам. Не се грижете, ќе го убедам сигурно да играме во Катар“, кажал Бонучи.