Дефанзивецот на Хрватска, Домагој Вида ја прокоментира со задоволство победата на пенали над Русија во четвртфиналето на Мундијалот 2018.
Дефанзивецот на Бешикташ постигна гол во продолженијата, а потоа беше прецизен и од белата точка.
– Многу се радувам што постигнав гол и Хрватска победи. Веќе сме во полуфиналето. Русија е добар тим и покажа убав фудбал. И двата тима се боревме со сите сили во текот на 120 минути. Со Англија ќе биде многу тешко, но сакаме да станеме светски шампиони, рече Вида по дуелот.
МИА