четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Видал погребот на својот татко го следеше во живо на Инстаграм (ВИДЕО)

Видал погребот на својот татко го следеше во живо на Инстаграм (ВИДЕО)

Артуро Видал реши да остане во Бразил и да му помогне на Фламенго во финалето на купот па погребот на својот татко го следеше во живо на Инстаграм.

Артуро Видал имаше потег кој ја подели јавноста, од една страна доби поддршка, од друга многу критики.

Имено, фудбалерот од средниот ред реши да остане во Бразил наместо да се врати во Чиле за погребот на неговиот татко, кој почина во вторникот на 63 годишна возраст.

Фламенго гостуваше кај Коринтијанс во првиот меч од финалето во Купот на Бразил, па Артуро Видал одлучи да им помогне на своите соиграчи и да се опрости од својот татко во живо на Инстаграм.

Неговата сестра го снимала погребот, а Артуро Видал пред екран плачеше и се збогуваше со својот татко.