петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Алиоски го постигна својот прв гол во дресот на Фенербахче

ВИДЕО: Алиоски го постигна својот прв гол во дресот на Фенербахче

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓијан Алиоски го постигна својот прв гол во турската Суперлига за тимот на Фенербахче.

Алиоски кој на синоќешниот натпревар со Адана во игра влезе во 80. минута, се запиша во листата на стрелците по само три минути поминати на теренот.

Фенербахче водеше со 3:0, гостите намалија на 3:2, а популарниот „Џани“ ја запечати победата на тимот од Истанбул.

По овој триумф, Фенербахче е лидер на табелата со 7 бодови, колку што имаат и Башакшехир, Бешкташ и Газиантеп.