петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Антони правеше циркуз на „Олд Трафорд“, па Тен Хаг го седна на клупа!

ВИДЕО: Антони правеше циркуз на „Олд Трафорд“, па Тен Хаг го седна на клупа!

Maнчестер Јунајтед со 3-0 го совлада тимот на Шериф во Лигата на Европа, во натпревар во кој свој блесок имаше младиот Гарначо, а Кристијано Роналдо по пауза од 179 дена конечно постигна гол на „Олд Трафорд“.

Сепак, во првиот дел од натпреварот во фокусот беше еден чуден потег на летното засилување Антони. Младиот Бразилец изиграваше циркузант и се вртеше околку топката, потег кој што не му се допадна на менаџерот Тен Хаг и по полувремето го седна Антони на клупа.

Чудниот потег на бразилскиот офанзвиец:

Свој коментар за целата ситуација даде Тен Хаг:

„Немам проблем сè додека неговите потези имаат смисла, но морам да кажам дека од него барам повеќе трчање, повеќе уфрлувања, тој мора почесто да биде во завршница. Доколку тоа го направи само за трик, тогаш ќе морам да го поправам“.

Покрај Роналдо, за Јунајтед уште погодија Далот и Рашфорд.