Фудбалерите на Атлетикот Минеиро успеаја да се радуваат кај Бахиа со 2-3 (0-0) и теоретски ја потврдија титулата во бразилската Серија А.
Извештај од натпреварот:
По пауза од 50 години, трофејот во најквалитетната бразилска лига се враќа во Минеиро. Со вчерашната победа, екипата која во нападот на предводат легендарните Хулк и Диего Коста и математички се одлепи на врвот пред Фламенго. Иако Бахиа поведе со погодоците на Луис Отавио и Жилберто, Хулк од белата точка и Кено со два погодоци ја донесе победата на Атлетико, а по последниот судиски свиреж следеше лудо славје.
Последниот судиски свиреж и славјето на Атлетико Минеиро:
Последен пат титулата била во рацете на Атлетико Минеиро во 1971 година, па сега по долга пауза се враќа во овој култен тим. Покрај тоа, пред Атлетико е шанса и за двојната круна во Бразил, бидејќи игра во финалето на Купот против Атлетик Параненсе.