Како вчера, така и денеска се играат два натпревари во ЛШ од терминот 18:45.
По првото полувреме, Борусија Дортмунд има предност во Турција кај Бешикташ со 0:2. Стрелец на голот за 0:1 беше Белингам во 20. минута од натпреварот, додека пред крајот на натпреварот, истиот играч му асистираше на фантастичниот Ерлинг Халанд за 0:2 по првиот дел.
На вториот натпревар од овој термин, Шериф Тираспол, во кој од сезонава настапува и македонскиот претставник Бобан Николов, има водство на полувреме против Шахтар Доњецк со 1:0, стрелец на голот е Траоре во 16 минута.
#BJKBVB
Bashktash 0-2 Dortmund | GOAL! Haaland 🎥to never miss any goal, Follow 👇🏼@IFAST66 pic.twitter.com/N8OfB3ZJYf
— Follow @IFAST66 (@ifast222) September 15, 2021