Манчестер Јунајтед го претрпе првиот пораз во новата сезона откако на домашен терен загуби од Астон Вила со 0-1.
Вистинска драма се случуваше во последните десетина минути од мечот на Олд Трафорд, вклучувајќи го судиското продолжение. Прво, Хаус го отвори резултатот во 88. минута кога по еден корнер, ја заби топката со глава во мрежата на домашниот тим. Истиот играч само 2-3 минути подоцна играше со рака во сопствениот шеснаесетник и главниот судија Мајк Дин покажа на белата точка.
Emi Martinez, this guy gets into your head BAD if you take a penalty against him, Bruno Fernandes, One of the most clinical penalty takers in the world, Skied his shot awfully, its all mind games..
— Sahil (@Criminal__x) September 25, 2021
Вистинско изненадување беше тоа што пеналот не го изведе Кристијано Роналдо, туку неговиот сонародник Бруно Фернандес, инаку сигурен реализатор на вакви ситуации. Место да го израмни резултатот, тој шутираше високо над голот, па Астон Вила ги однесе трите бода од Манчестер.