петок, 5. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Дортмунд сигурен во Турција, историска победа на Шериф и Николов во ЛШ

ВИДЕО: Дортмунд сигурен во Турција, историска победа на Шериф и Николов во ЛШ

Екипите на Борусија Дортмунд и Шериф имаа позитивен старт во европската фудбалска елита и ги запишаа првите победи во новата сезона на Лигата на шампионите.

Германскиот гигант одигра фантастичен натпревар на гости кај Бешикташ и со головите на младите ѕвезди Халанд и Белингам славеше со 1-2 и ја потврди фаворитската улога во групата Ц. Резултатот на „Водафон Парк“ беше отворен по само 20 минути игра, откако 18-годишниот Англичанец одново покажа дека пред него претстои блескава кариера и, на додавање на Муние, го совлада домашниот голман. Во продолжение од полувремето, Халанд имаше неверојатно промашување од само неколку метри, но норвешкиот голгетер експресно се поправи и пред паузата погоди за 0-2. Во вториот дел во Турција се играше отворено и со многу шанси на двете стрени, а домаќинот со голот на Монтеро во самиот финиш успеа само да го ублажи поразот (1-2).

Бешикташ – Борусија Дортмунд 0-2:

Голема победа извојува и дебитантот во ова натпреварување, Шериф. Молдавската сензација, која што во квалификациите ги елиминира Црвена Звезда и Динамо Загреб, вечерва не се уплаши против редовниот учесник во елитата, Шахтјор, и заслужено со 2-0 ги запиша првите историски бодови во Лигата на шампионите.

Прва домашна радост донесе Траоре во 16. минута, додека на почетокот на вториот дел нововлезениот Јенсан му нанесе нов удар на украинскиот шампион и на својот тим му донесе голема победа од 2-0.

Шериф – Шахтјор 2-0: