Судијата Дани Макели од Холандија е тема на денот во фудбалска Европа.
За Англија тој досуди пенал кој за многумина е непостоечки, но скандалот да биде уште поголем е што на „Вембли“ се играше со две топки на теренот.
Макели по сите правила на фудбалскта игра требаше да ја прекине акцијата и да не дозволи воопшто Стерлинг да влезе во шеснаесетникот, потоа дојде спорниот момент, но реакција од судијата немаше.
УЕФА е под критики, неутралните сметаат дека Англичаните на ЕП 2020 се најпривилегирани.