петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Емоции во Лондон: Венгер по четири години се појави на „Емирати“

ВИДЕО: Емоции во Лондон: Венгер по четири години се појави на „Емирати“

Во 2018 година Арсен Венгер го напушти Арсенал и од тогаш цели четири години се немаше појавено на „Емирати“, се до вчерашниот натпревар против Вест Хем.

Арсенал со одличен пресврт во второто полувреме заслужено славеше со „чеканите“, оваа победа на Арсенал беше „зачинета“ и со присуството на Венгер на трибините.

Венгер секако се најде во фокусот на телевизиските екрани и неговиот лик беше прикажан наголемиот видеобим на стадионот.

Во тој момент навивачите го поздавија и со песна, пеејќи „Има само еден Арсен Венгер“. Венгер не ги криеше емоциите во моментите кога Арсенал постигнуваше голови.