недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: „Енфилд“ во шок – Милан со две „страшни“ тимски акции прави пресврт во Ливерпул

ВИДЕО: „Енфилд“ во шок – Милан со две „страшни“ тимски акции прави пресврт во Ливерпул

Екипата на Милан има сензационална предност по првите 45 минути од натпреварот против Ливерпул, во рамки од првото коло од Лигата на шампионите.

Англискиот гигант имаше тотално доминација уште од стартот, и во деветата минута поведе преку Арнолд, но во самиот финиш за само ДВЕ минути „росонерите“ со две „страшни“ тимски акции го шокираа домаќинот и поведоа со 1-2.

Стрелец на израмнувачкиот гол беше Анте Ребиќ, додека пресвртот го потврди Дијаз во 44. минута. Претходно, во 14. минута Салах не реализира удар од 11 метри.