Ниту дождот не ги спречува македонските навивачи да уживаат во сонот наречен Европско првенство (ЕП) во Букурешт. Нашите навивачи се се побројни од час во час и најавена е голема поддршка на дуелот со Австрија.
„Фалангата“ ужива низ баровите во градот, а интересен момент се случи при јавување во живо на романската телевизија. Убава романска новинарка правеше прилог на националниот сервис, а македонските навивачи упаднаа во него. Додека пееја песна и ја „нападнаа“ пред камерата, таа само се смешкаше и беше малку зачудена од Македонците.
Дел од атмосферата во Букурешт:
Букурешт е зафатен од монсунски дождови во изминатите денови, па додека навивачите се загреваа почна да врне. Сепак, ниту тоа не ја наруши атмосферата, па сите се штитеа со македонски знамиња, ама песната не застана.