Инцидент се случи на големото дерби во аргентинското фудбалско првенство меѓу Расинг и Индепендиенте, кога гостинскиот фудбалер Леандро Фернандез беше погоден синоќа од трибините со риба, пренесуваат аргентинските и европските медиуми.
Инцидентот се случил на почетокот на второто полувреме на натпреварот во рамки на аргентинското првенство во кој Расинг триумфираше со 1-0.
Фернандез падна на тревата, по што на носилки беше изнесен од теренот, но подоцна се врати и го продолжи натпреварот.