Олма Гарсија е името начовек кој синоќа целосно гол влета на теренот за време на натпреварот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед.
Гарсија како од мајка роден истрча на теренот додека се играше натпреварот без присуство на публика.
За шпанските медиуми, Олма е добро познат. Според пишувањата тој често знаел да се разголи на јавни места. Неговата цел е да привлече внимание кон залувување на животната средина и свртување на луѓето кон поинаков начин на живот.
На натпреварот од четвртфиналето во Лига Европа тој трчал од еден до друг крај на теренот, се тркалал по тревата, а според извештаите на дел од медиумите во Шпанија наводно подоцна успеал да и избега и на полицијата.
Why do streakers … eh … streak? #manutd pic.twitter.com/Qko3cEfKRX
— All Things Zim 🇿🇼 (@Zimtweets) April 8, 2021