вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Голчишта на Ди Марија и Меси, Аргентина со „петарда“ се загреа за СП во Катар

ВИДЕО: Голчишта на Ди Марија и Меси, Аргентина со „петарда“ се загреа за СП во Катар

Фудбалската репрезентација на Аргентина убедливо славеше во генералката над Обединетите Арапски Емирати (5-0) пред стартот на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар.

Селекторот Скалони имаше шанса да ги проба сите играчи и да им ја одржи формата, а тие му возвратија со пет гола во мрежата на ривалот. Работата беше готова уште во првото полувреме кога Арентина даде четири гола во мрежата на ОАЕ. Двапати стрелаше Ди Марија, по еднаш Меси и Алварез. Убави голови постигнаа крилните играчи.

Голот на Ди Марија против ОАЕ:

Видеото погледнете го ТУКА

  • Голот на Меси против ОАЕ:

Видеото погледнете го ТУКА

Во второто полувреме Скалони на терен испрати скоро целосно нов тим, а единствениот гол го даде Хоакин Кореа по асистенција на Родриго Де Пол. Аргентина на СП 2022 важи за еден од главните фаворити за титулата.

За Аргентинците ова беше 36. натпревар во низа без пораз. Јужноамериканската селекција се наоѓа на две средби од рекордот во сопственост на Италија.