понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Хаос во Унгарија, фудбалски великан испадна од лига, навивачите влетаа во терен, специјалци интервенираа

ВИДЕО: Хаос во Унгарија, фудбалски великан испадна од лига, навивачите влетаа во терен, специјалци интервенираа

Фудбалскиот великан од Унгарија, екипата на Дебрецен, испадна од најквалитентиот шампионат во земјата, а на навивачите тешко им падна тоа и направија скандал.

По ремито со Паск во 33. коло, играчите паднаа во очај. Некои од нив плачеа на терен, а за трагедијата да биде поголема, влегоа навивачите и тргнаа да им одржат лекција. Некои од нив се бркаа со фудбалерите, некои од нив им ги соблекуваа дресовите…

Дебрецен е седумкратен првак на Унгарија, а на македонската јавност е познат по дуелот со Работнички во рамки на квалификациите за Лигата на шампионите.