Манчестер Јунајтед се избори за убедлива победа од 5:0 против Лајпциг во 2 коло од групата Х во Лигата на шампионите.
Избраниците на Оле Гунер Солскјер одиграа одличен натпревар. Гринвуд погоди во 21 минута по асистенцијата на Погба.
Во второто полувреме Рашфорд го замени Грунвуд и постигна три гола, во 47 во 78 и во 92 минута.
Петиот гол за Јунајтед беше дело на Марсијал од пенал во 87 минута.