петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Хет-трик на Салах за ПЕТ минути, Ливерпул го демолира Ренџерс

ВИДЕО: Хет-трик на Салах за ПЕТ минути, Ливерпул го демолира Ренџерс

Англиските гиганти Ливерпул и Тотенхем имаа сигурни настапи во четвртото коло од новата сезона во Лигата на шампионите и со победите над Глазгов Ренџерс и Ајнтрахт Франкуфурт се на чекор до пласман во осминафиналето во фудбалската елита на стариот континент.

Глазгов – Ливерпул 1-7:

Шампионот од пред четири сезони и покрај бројните проблеми со повредени фудбалери не виде мака на гостувањето во Шкоткса (1-7). Роберто Фирмино го одигра најдобриот овосезонски натпревар и беше вистински лидер на својот тим, а неверојатен настап имаше и резервистот Салах, кој за пет минути постигна три гола и стави точка на победата на својот тим.

Бразилскиот ас, за кого летово се шпекулираше дека е спремен да го напушти „Енфилд Роуд“, по подолго време ги покажа своите голгетерски способности и постигна два гола, но она што ќе остане забележано од овој дуел е и неговата атрактивна асистенција за Дарвин Нуњез. Арфилд во 17. минута го совлада Алисон и на еден начин го налути англискиот гигант. По погодок на домаќините, на сцена стапи токму Фирмино со два гола и една асистенција, а потоа незадржлив беше Салах, кој по влегувањето во игра постигна три гола за 1-6. Конечниот резултат го постигна 19-годишниот Харви Елиот во самиот финиш.

Голема победа забележа и тимот на Тотенхем. На „Тотенхем Стадиум“ домашниот тим со 3-2 славеше над Ајнтрахт Франкуфурт и го презеде врвот во групата Д. И на оваа средба прв до погодок стигна тимот кој на крај загуби. Камада во 14. минута го отвори резулатот и донесе гостинска радост во Лондон. Сепак, двоецот Кејн и Сон (два гола) за само шеснаесет минути направи пресврт и го остави својот тим во игра за осминафинале. Во самиот финиш Алидоу погоди за 3-2, а во судиското надополнување Хари Кејн промаши пенал за убедлива победа на својот тим.

Тотенхем – Ајнтрахт Франкфурт 3-2:

Во рамките од групата Д, Олимпик Марсеј повторно го надигра Спортинг Лисабон и со головите на Гендузи и Санчез славеше огромна победа со 0-2 и значајни три бода во битката за елиминациона фаза. Како и на „Велодром“, Португалците брзо заработија црвен картон, а натпреварот го завршија со девет фудбалери. Во следното коло Тотенхем ќе се сретне со Спортинг, додека Марсеј ќе гостува во Германија.

Спортинг Лисаабон – Олимпик Марсеј 0-2:

Голема победа на гостински терен запиша Порто, кој во Германија го совлада Баер Леверкузен со 0-3. Двапати погоди Тереми, а еднаш Галено за „змејовите“. Дебирбај не реализира пенал за „фармацевтите“ на Чаби Алонсо.

Баер Леверкузен – Порто 0-3:

Следното петто коло од Лигата на шампионите се игра за две недели.