Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Ливерпул со 2:1 во третото коло од Премиер лигата и со тоа ја забележаа првата победа.
Тимот од Енфилд по три одиграни кола практично остана без шанса за титула.
Мрежата на Ливерпул во 16-тата минута ја затресе Џејдон Санчо за резултат од 1:0. До крајот на полувремето, фудбалерите на Клоп се обидоа да погодат, но без резултат. Нивната лоша игра, во второто полувреме ја казни Маркус Рашфорд кога во 53. минута постигна гол за 2:0 предност за „Црвените ѓаволи“.
Девет минути пред крај на натпреварот Мохамед Салах успеа за погоди за мала радост на Ливерпул и резултат од 2:1, но тоа беше се.
Со ваквиот резултат, Јунајтед стигна до првите бодови на табелата откако на претходните два натпревари беше поразен.
Ливерпул пак, по два реми натпревари и еден загубен е 16 на табелата, додека Јунајтед е две места пред него, односно 14.
Иако до крајот има уште 5 кола, со оглед на ситуациите во двата тима, се чини се ќе бидат елиминирани од трката за титула.