петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Јусаин Болт ги коментираше расистичките напади кон англиските фудбалери

ВИДЕО: Јусаин Болт ги коментираше расистичките напади кон англиските фудбалери

Јуасаин Болт во интервју за „Buzzfeed“ се осврна на расистичките навреди кои ги тргпат англиските фудбалери Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо.

Тие станаа жртви на напади на социјаните мрежи откако промашија во пенал серијата против Италија во финалето на Европското првенство. Англија загуби, а целиот бес на фановите беше насочен кон нив.

Олимпискиот првак и голем пријател на фудбалот застана во нивна одбрана, па ситуацијата до која дојде ја опиша како ужасна, и многу нечесна кон наведените тројца.

„Грдо е тоа што се случува, разочаран сум. Тешко ми е да ги гледам таквите работи. Како Африканец и црнец, морам да кажам дека ситуацијата е уште потешка. Не можете да обвинувите нив тројца, не одлучуваат они за тоа кои ќе шутираат пенал.“

Многуима се прашуваа зошто Саутгејт донел одлука баш тие да шутираат пенали, иако се многу млади. Болт тврди дека тој не би им дал да шутираат.