среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Комичен автогол го спаси Атлетико, Виљареал прокоцка голема победа во Мадрид

ВИДЕО: Комичен автогол го спаси Атлетико, Виљареал прокоцка голема победа во Мадрид

На целосно непредвидлив и помалку луд начин Атлетико Мадрид се спаси од пораз против Виљареал во последниот натпревар од третото коло на Примера. Во последните секунди од судиското надополнување, Аиса Манди со глава си даде комичен автогол, во кој своја вина има и голманот Рули, па натпреварот заврши 2-2.

Извештај од натпреварот:

Шпанскиот шампион, иако долго време беше подобар ривал, се наоѓаше пред пораз, но среќата му се насмевна и како и минатата сезона само ремизираше на домашен терен против „жолтата подморница“. Во првиот дел момците на Симеоне беа далеку подобар протовник, се редеа шансите пред голот на Рули, но Суарез, Љоренте, Лемар не реализираа.

На почетокот од вториот дел натпреварот стана поенергичен, а водечкиот гол на гостите целосно го „разгоре“. Ману Тригерос со убав погодок во 52. минута го отвори дуелот (0-1). Само четири минути подоцна Луис Суарез израмни и го врати резултатискиот егал. Мадриѓаните целосно навалија, во игра влегоа и Саул и Матеус Куња, упатија дваесетина удари кон гостинскиот гол, но не дојдоа до предност, Наместо тие, се радуваа гостите, откако по грешката на Савиќ и Хименез, Капуе додаде до Дањума, кој го матира Облак (1-2).

Кога се чинеше дека победникот е извесен, во последниот обид, Де Пол упати долга топка, Аиса Манди, во обид да врати кон својот голман Џеронимо Рули, не забележа дека тој го напушти централниот дел од голот, и го изненади, постигнувајќи си автогол (2-2).

Ова се први загубени бодови на шампионот сезонава и ниту една екипа нема максимален учинок по три кола во Примера.