петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Магично деби со два гола за Јоветиќ, Херта го надигра големиот Ливерпул

ВИДЕО: Магично деби со два гола за Јоветиќ, Херта го надигра големиот Ливерпул

Црногорскиот интернационалец Стеван Јоветиќ дебитираше со два гола во победата на Херта против поранешниот англиски и европски првак Ливерпул. Во феноменален подготвителен натпревар, берлинскиот клуб славеше против „црвените“ на Јирген Клоп со 4-3, на дуел кој се играше во Инсбрук.

Главна ѕвезда беше Црногорецот, кој во игра влезе во 61. минута при 2-2 и постигна два гола, со кои Херта забележа победа против премиерлигашот. Останатите голови за бундеслигашот ги постигнаа Аскачибр и Сердар, а Мане, Минамино и Оксејл Чембрлејн погодија за екипата на Клоп.

Извештај од натпреварот:

За првпат по подолго време во дресот на Ливерпул заиграа Ван Дајк и Гомез, кои заради повреда протпуштија голем дел од минатата сезона во Премиер лигата.