Денеска во рамките од шампионската група во најсилното кипарско првенство составот на АЕК Ларнака дома со 1:0 триумфираше над Анортозис.
Стрелец на единствениот гол беше поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски кој беше прецизен од пенал во 84 минута од средбата.
На табелата АЕК Ларнака е на третата позиција со 46 бодови, зад водечките Аполон (51) и АПОЕЛ (50).
За нашиот напаѓач ова е веќе 14 гол во 27 настапи сезонава во тамошниот шампионат.
Моментно Тричко е прв стрелец во првенството на Кипар со 14 голови. Неговиот најнов гол можете да го погледнете на видео записот: