четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Марадона успешно опериран, навивачите пееја пред болница за поддршка на легендата

ВИДЕО: Марадона успешно опериран, навивачите пееја пред болница за поддршка на легендата

Добри вести пристигнуваат од Аргентина. Информациите од болницата Ла Плата велат дека познатиот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона е успешно опериран поради згрутчување на крвта во мозокот и е добро.

-Операцијата траеше еден час и 20 минути. Хематомот е успешно отстранет. Диего е буден  и се е во ред. Ќе остане на испитување, но не се знае уште колку време, изјавил неговиот доктор.

Неговата ќерка Далма Марадона преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои се молат за нејзиниот татко.

-Излегов од болница и сакам да им се заблагодарам на сите што покажуваат толку многу љубов кон мојот татко, мојата сестра и мене, напиша Далма.

Голем број луѓе се собраа пред болницата за да го поддржат славниот ас. Неговата состојба во моментов е стабилна, но извесно време ќе остане на лекување.