понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Меси ги договори сите детали со ПСЖ, од аеродромот во Барселона се упати за Париз!

ВИДЕО: Меси ги договори сите детали со ПСЖ, од аеродромот во Барселона се упати за Париз!

Поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси се договори за соработка ПСЖ. Се очекува тој денеска да пристигне во Париз, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер.

Според изворот, договорот на 34-годишниот Аргентинец е дизајниран за две сезони со можност за продолжување за уште една година до јуни 2024 година. Годишната плата на фудбалерот ќе биде околу 35 милиони евра без бонуси.

Меси игра за првиот тим на Барселона од 2004 година. Каталонците не успеаја да понудат нов прифатлив договор за Меси, по што клубот објави заминување на Аргентинецот.