вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Митровиќ збесна и го турна судијата, Јунајтед со пресврт до полуфинале во ФА Купот

ВИДЕО: Митровиќ збесна и го турна судијата, Јунајтед со пресврт до полуфинале во ФА Купот

Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето од ФА Купот каде што ќе игра против Брајтон, во второто полуфинале ќе се сретнат Сити и Шефилд. Денес во интересен натпревар „ѓаволите“ го совладаа Фулам со 3:1.

Митровиќ во 50-тата минута донесе предност за Фулам, а водството на тимот од Лондон беше актуелно се до 20-тина минути пред крајот. Џејдон Санчо имаше добра прилика, а откако промаши по реакција на ВАР се досуди пенал, но и Вилијан доби црвен картон. Тогаш српскиот напаѓач Александар Митровиќ збесна и го турна судијата добивајќи црвен картон. Во целата турканица се вмеша и тренерот Марко Силва, па и тој беше исклучен.

Пеналот за израмнување го реализираше Бруно Фернандеш, а само две минути подоцна Забицер постигна гол за водство од 2:1. Во самата завршнциа длабоко во судиското продолжение Фернандеш постигна уште еден гол за конечни 3:1.