Фудбалска Италија слави ново полуфинале на Европските првенства. Поранешниот светски и европски шампион во дербито од четвртфиналната фаза со минимални 2-1 ја совладаа фаворизираната Белгија и закажаа борба за финале со Шпанија.
Момците на Роберто Манчини одново одиграа квалитетен натпревар, ги надиграа скапите ѕвезди на Белгија и пак ги освои срцата на неутралните фудбалски фанови. Но, еден момент ја оцрни убавата слика која што ја оставија на овој натпревар.
При еден минимален контакт во казнениот простор на Белгија, Чиро Имобиле се обиде да симулира пенал и се „прпелкаше“ по теренот, но откако Барела го постигна голот за водство од 1-0, болката на асот на Лацио „магично“ исчезна и тој замина да го слави погодокот на својот соиграч.
Моментот кога болката „магично“ му помина на Имобиле:
Покрај Барела, за Италија погоди и Инсиње, додека единствениот гол за Белгија беше дело на Лукаку.