На една година од смртта на големиот Диего Армандо Марадона, клубот кој ја одбележа неговата кариера откри прекрасна статуа во негова чест.
Наполи и навивачите на италијанскиот клуб му оддадоа посебна почест на аргентинскиот генијалец, кој како играч освои два шампионати на Италија и еден трофеј на Купот на УЕФА. Пред почетокот на дуелот против Лацио беше откриена статуата на „десетката“ на Аргентина и Наполи во доцните осумдесетти, а навивачите не престанаа да ракоплескаат.
Наполи го совлада Лацио со 4-0 и се издвои на врвот со три бода повеќе од второпласираниот Милан.