Фановите во Јужна Америка се познати по честите испади, а тоа го докажува и најновото видео од Колумбија.
Додека играчите на Депортес Толима и Милонариос го чекаа знакот на судијата за да го продолжат натпреварот, се случи инцидент, чиј главен актер беше навивач на домашната екипа.
Хулиганот ја прескокна оградата, а потоа истрча на теренот и го удри противничкиот играч Даниел Катанија.
Даниел најпрвин бил во целосен шок, а кога сфатил што се случува веднаш му возвратил на навивачот.
Соиграчите и обезбедувањето спечија поголем инцидент.
Video completo de la agresión contra Daniel Cataño. pic.twitter.com/7rTfnephdz
— LA VOZ DEL EMBAJADOR (@lavozembajador) February 12, 2023