Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски веднаш го покажа својот квалитет во Абердин и стана миленик на навивачите.
Македонецот прикажува одлични партии, постигна пет погодока на шест натпревари во првенството, и еден гол на два натпревари во купот.
Навивачите се пресреќни со стартот на сезоната на Миовски, па поради тоа му посветија една песна.
„Ако барате напаѓач, одговорот е бројот 9, Бојан Миовски“, пејат навивачите на Абердин.
— Bojan Miovski (@bojanmiovskii) September 15, 2022