Стивен Џерард доби полноќен отказ од редовите на Астон Вила. Челните лица на премиерлигашот своето незадоволство од резултатите на тимот го искажаа со промена на менаџерската функција, по само една година откако го доведоа легендарниот Џерард.
По единаесет одиграни кола екипата од Бирмингем се наоѓа на 17. позиција со девет освоени бода и во серија од четири натпревари без победа. Тоа беше доволна причина за поранешниот менаџер на Глазгов Ренџерс да добие отказ.
Покрај раководството, и навивачите исто така не беа задоволни од работата на Џерард, па дури и го исмеваа неговото лизгање против Челзи, кога Ливерпул ја загуби титулата. За време на натпреварот во Лондон побараа од него да ја напушти клупата.
Aston Villa fans have really had enough. “We want Gerrard out” chants getting louder and now they have even rolled out the classic Slippy G. #avfc pic.twitter.com/6lRxmfN42x
— Emily Hewertson (@emilyhewertson) October 20, 2022