четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Нова снимка од Роналдињо во затвор, овојпат игра „футволеј“

ВИДЕО: Нова снимка од Роналдињо во затвор, овојпат игра „футволеј“

Роналдињо го продолжува својот престој во затворот во Асунсион, Парагвај кој моментално е дополнително отежнат поради коронавирусот. Неговите адвокати немаат можност целосно да си ја вршат својата работа за да му помогнат да излезе на слобода, бидејќи голем број институции се „замрзнати“ до 12 април.

Бразилскиот ас заврши зад решетки поради користење лажни документи за да влезе во државата. Подоцна беше обвинет и за сомнеж дека се обидувал да пере пари играјќи хуманитарен меч.

Додека трае истрагата, легендарниот фудбалер нема да го напушти затворот. Според законите во Парагвај, истата може да трае до шест месеци.

И додека неговиот имиџ е оцрнет во светските медиуми, Роналдињо се забавува во затворот, играјќи фудбал, а сега и „футволеј“.

Оваа игра потекнува од Бразил и е измислена во далечната 1965 година. Се работи за комбинација на фудбал и одбојка. Спортот беше претставен како пример на Олимписките игри во Рио 2016 година, во обид истиот да добие место во идните организирани турнири.

извор: gol.mk