недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Ојарзабал со погодок во финишот донесе златни бодови за Шпанија

ВИДЕО: Ојарзабал со погодок во финишот донесе златни бодови за Шпанија

По незадоволувачкото реми со Египет во првото коло, Шпанија се мачеше и против Австралија, но со погодок во завршницата успеа да слави минимална победа (0-1).

Очекувана беше доминацијата на Шпанците која ја донесе оваа средба. Меѓутоа се чекаше дури до 81. минута за да биде „скршена“ последната дефанзивна линија на австралиската репрезентација. Микел Ојарзабал беше најопасниот шпански играч во текот на целиот меч. На крај, тој ѝ пресуди на Австралија, кога испрати прециззен удар со глава за победа.

Шпанија со трите бода изби на првата позиција на табелата и е на чекор од пласман во четвртфиналната фаза на игрите во Токио. Сепак, во последното коло не смее да си дозволи пораз од Аргентина, бидејќи во тој случај ќе зависи од исходот на натпреварот Египет – Австралија.

Само најдобрите две селекции од секоја група ќе се квалификуваат со четвртфиналето. Олимпиското злато од пред пет години го брани Бразил.