четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Парагвај и Уругвај во четвртфиналето на „Копа Америка“

ВИДЕО: Парагвај и Уругвај во четвртфиналето на „Копа Америка“

Фудбалерите на Парагвај и Уругвај со победите од 2:0 против Чиле, односно Боливија доцна синоќа го обезбедија пласманот во четвртфиналето на „Копа Америка“.

Парагвајците го совладаа Чиле со головите на Самудио во 33 и Алмирон од пенал во 58 минута, додека Уругвајците стигнаа до првиот триумф во групата „А“ со автоголот на Кинтерос во 40 и погодокот на Кавани во 79 минута.

Парагвај сега е второпласиран на табелата во групата „А“ со шест бодови, односно има еден бод помалку од водечката Аргентина, Чиле е третопласиран со пет бодови, додека Уругвај е на четвртата позиција со четири бодови.

Репрезентацијата на Боливија е последна без бодови. Во последните натпревари од групата „А“ Боливијците ќе ги одмерат силите со Аргентина, а Уругвај ќе игра против Парагвај.

Од групата „Б“ досега пласман во четвртфиналето во ова јужноамериканско натпреварување обезбедија и селекциите на Бразил и Колумбија. Перу, Еквадор и Венецуела се борат за последните две четвртфинални места.