сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Пике се „загуби“ – со аматерска проценка го насмеа светот

ВИДЕО: Пике се „загуби“ – со аматерска проценка го насмеа светот

Фудбалерите на Барселона одиграа нерешени 3-3 против Интер и само теоретски останаа во игра за пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите. Во одличен натпревар на „Камп Ноу“ со пресврти, на крајот дојде до делба на пленот.

На стартот на второто полувреме „прекалениот“ Жерард Пике направи аматерска грешка. Стоперот по една висока топка демонстрира до соиграчите дека нема потреба од интервенција, меѓутоа не го забележа Николо Барела кој побегна зад одбраната. Овој кикс италијанскиот играч го казни со погодок и израмнување.

Поради реакцијата, Пике се најде во центарот на вниманието, фановите на Барселона го критикуваат, а останатите се потсмеваат, бидејќи се работи за навистина искусен стопер.