Во текот на вчерашниот ден целиот свет на спортот го следеше преминот на Лионел Меси во ПСЖ. Идеална илустрација за тоа колку гореше Интернетот се бројките.
Името на Меси било употребено, твитано или ретвитано 1,18 милиони пати, а името Paris 458.000 пати и тоа измерено во 15:00 часот по Средноевропско време, пред Меси да слета во Париз.
Пари Сен Жермен на својот Инстаграм профил пред промоцијата на Аргентинецот имаше 39 милиони фолоувери а сега има 42,7 милиони. Буквално преку ноќ.
Профилот на француската Лига 1 на Твитер исто стигнал до 542.000 следбеници односно се зголемил за 11,429 нови следачи. Буквално Меси уште не заиграл за ПСЖ а клубот и француската лига веќе заработуваат.
-Среќен сум што ќе почнам ново поглавје во кариерата во ПСЖ. Се во клубот одговара на моите фудбалски амбиции. Знам колку талентиран колектив и тренерски штаб има тука. Во целост сум решен да му помогнам на клубот и на навивачите да создадеме нешто посебно. Со нетрпение ја чекам можноста да излезам на теренот на „Парк на принцовите“, изјави Меси на промоцијата.
The queue in front of the PSG shop this morning to buy Lionel Messi's shirt!
(📽 @RemyBuisine)pic.twitter.com/Mu1PG0kP07
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 11, 2021