Рој Кин е Ирец, но изгледа дека тешко му падна поразот на англиската репрезентација од Италија во финалето од Европското првенство.
Поради тоа жестоко ги искритикува Џек Грилиш и Рахим Стерлинг што не преземаа одговорност во пенал-серијата. Место нив, тоа го сторија 19-годишниот Сака, 21-годишниот Санчо и 23-годишниот Рашфорд кои ги промашија своите удари.
Roy Keane telling it as it is on choice of #eng penalty taker#euro2020 pic.twitter.com/j1ZWgEJZ8t
— James Withers (@scotfoodjames) July 11, 2021
„Ако си Стерлинг или Грилиш, не можеш да дозволиш деца да изведуваат пенали пред тебе. Не можеш. Ми е гајле што зборуваат другите, едноставно не можеш“, рече Кин во анализата по натпреварот.
Одговорноста за редоследот на изведувачите на пенали ја презеде селекторот Герет Саутгејт, но Кин и натаму смета дека поискусните требало сами да се пријават за шутирање.