понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Рома постигна 10 голови во првиот меч под водство на Мурињо

ВИДЕО: Рома постигна 10 голови во првиот меч под водство на Мурињо

Рома со 10-0 го победи тимот од Серија Д, Монтекатини, тоа беше првиот натпревар на Жозе Мурњо како тренер на италијанскиот клуб.

Вообичаено голем дел од италијанските медиуми подготвителните натпревари ги почнуваат против нисколигаши, па победите им се со голема разлика.

Така стартуваше и Рома. Одиграа меч против Монтекатини од Серија Д и победија со 10-0.

Борха Мајорал постигна хет-трик, по еден гол дадоа Карлес Перез, Џанлука Манчини, Рикардо Калафиори, Николо Заниоло, Никола Залевски и Амаду Диавара. Еден погодок беше автогол.

Следниот пријателски натпревар на Рома е во недела против екипата од Серија Б, Тернана. Нешто посериозен противник, но поважните пријателски средби допрва доаѓаат.