четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Руни го постигна својот прв гол во Америка

ВИДЕО: Руни го постигна својот прв гол во Америка

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија Вејн Руни го постигна својот прв гол за својот нов тим Ди Си Јунајтед во американската МЛС лига. Руни (32) се запиша при победата на тимот со 2:1 над гостите Колорадо Рапидс.

Англискиот напаѓач беше прецизен во 33-тата минута, а домаќините стигнаа до успехот по автогол на Ники Џексон во последните секунди од натпреварот. Во дополнителното време Руни доби повреда на аркадата и на носот, а по натпреварот лекарите му ставија пет конци.

Ди Си Јунајтед се наоѓа на последно место во Источната конференција на МЛС со 17 поени во 18 натпревари. Руни, кој премина во американскиот тим пред еден месец, е голгетер број 1 во историјата на Манчестер Јунајтед и единствениот играч во Премиер лигата со над 200 гола и над 100 асистенции.