Се одигра првиот натпревар од групата „Б“ на Европското првенство, на стадионот во Копенхаген домаќинот Данска е непријатно изненаден од дебитантот Финска кој славеше со 1:0.
Пред крајот на првото полувреме дојде до прекин на мечот откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше, по што лекарите мораа да го реанимираат.
Сите се молеа за состојбата на играчот на Интер кој за среќа беше реанимиран, и во свесна состојба беше пренесен во болница, а од таму дојдоа дополнителни информации дека фудбалерот е буден и дише.
После извесен период на неизвесност, УЕФА донесе одлука да биде продолжен мечот, со кратка пауза меѓу двете полувремиња.
Финците дојдоа до победничкиот гол во 60 минута кога со глава Похјанпало после центаршутот и асистенцијата на Уронен, ја испрати топката во мрежата на Шмајхел.
После тој шокантен примен гол, Данците со сите сили итаа кон израмнување, а и имаа одлична шанса тоа да го направат во 74 минута.
Пенал беше досуден за данската селекција, но истиот не успеа да го реализира преку Хојбјерг чиј удар беше одбранет од Храдецки. Финците до крајот на мечот ги запреа сите налети на Данска и дојдоа до прва историска победа на еврошампионатите и тоа како дебитанти.